Живот
20. July 2018 - 14:37

Обдукцијата откри детали за бруталното убиство: Очув ја отрул пасторката (3), ја зацeментирал и ја фрлил во поток

Патолозите утврдија дека малечката Мараја Вудс (3) која исчезна кон крајот на октомври минатата година во Џексонвил, Северна Каролина, а телото и беше пронајдено во поток во близина на куќата, умрела од труење со хлороформ откако претходно била брутално малтретирана.

Нејзиното масакрираното тело било завиткано во три бели пластични кеси за ѓубре, кои и биле врзани околу вратот и ставени во навлака за перници за двосед или тросед.

„Навлаката за перница била наполнета со цемент помешан со камења“, напишаа патолозите. На малечката во белите дробови и е пронајдено смртоносно количество хлороформ.

Џа ова злосторство веќе е обвинет Адолф Ерл Кимри II (32), момче на мајката на Мараја, Кристи Вудс. Кристи ќерката последен пат ја видела жива на 26. ноември, кога ја ставила да спие. Утредента токму Кимри го повијал Центарот за итни случаи на округот Онслоу и пријавил дека малечката исчезнала од куќата.

Телото на Мараја е пронајдено по 5 дена потрага, на 2. декември, во блискиот поток. Кимри во јануари годинава е обвинет за убиство.

Кристи Вудс, мајка на Мараја

Мајката тврди дека не знае ништо за ова убиство, но новинарите кои го следеле случајот наведуваат дека Кимри 20 пати е осудуван за различни злосторства пред да ја убие малечката Мараја.

Таткото на Мараја, Алекс Вус, тврди дека Кимри ја силувал неговата ќеркичка, но во извештајот за обдукција нема докази за тоа. Се наведува дека бојата на анусот не е променета, и ништо повеќе од тоа. Меѓу другото, се додава дека малечката имала многубројни модринки по лицето, рацете и нозете. Мозокот и бил оштетен, а белите дробови полни со хлороформ