Свет
10. July 2017 - 9:07

Обама водел тајна војна против Путин

На почетокот на август минатата година во Белата куќа стигнало писмо пратено од седиштето на ЦИА, во кое се наоѓал детален разузнавачки извештај за вмешаноста на Владимир Путин во кампањата на американските претседателски избори.

Американските разузнавачи пресретнале специјални инструкции на Путин со кои ги наредил целите на кампањата - пораз или барем нанесување штета на демократската кандидатка Хилари Клинтон, како и помагање на Доналд Трамп во победата на изборите.

Хакерите добро поврзани со руските разузнавачки служби имале увид во компјутерските мрежи на Демократската партија, но и на некои републиканци, повеќе од една година. 

ФБИ отвори истрага за Русите блиски соработници на Трамп, а набрзо речиси 20.000 меилови биле украдени од серверите на демократската партија и завршија на страниците на „Викиликс”.

Американските власти дури тогаш станале свесни за влијанието на руските хакери и руските планови за изборите кои доаѓале.

За чувствителноста на материјалите најмногу зборува фактот дека шефот на ЦИА одлучил дека материјалот е толку чувствителен што не го ставил во дневните извештаи на претседателот.

Сите разговори за руското влијание на изборите биле одржувани во најголема тајност, практично исто како и за подготовките за убиството на Осама бин Ладен. Требало време и останатите делови на разузнавачката заедница да ги прифатат заклучоците на ЦИА.

А врвот на кабинетот на Обама дури во последните недели од неговиот мандат се одлучи да излезе во јавност со информации за руското мешање.

Меѓутоа, соработниците на Обама не гледале само за тоа што им го прават Русите. Тие тајно расправале за можни одговори и ги казнувале руските власти. Расправале за можни напади на руската инфраструктура, објава на тајни и срамни материјали за Путин и санкции со кои би го уништиле руското стопанство.

По неколку месеци расправи и договорања, Обама одобри многу скромен пакет мерки. Затворени беа два руски комплекси, протерани 35 дипломати и воведени економски санции толку специфични што многумина ги нарекуваа чисто симболични.

Обама одобри и покренување на програми во руската инфраструктура, вистински дигитални бомби кои би можеле да ги активираат по желба. Проектот е одобрен во последните недели на мандатот на Обама и бил во развој кога тој ја напушти Белата куќа и ја предаде на чување на Доналд Трамп.

Тоа беше еден од најлошите злосторства на векот, експертите лесно ги разоткриле врските со Русија, а преку разузнавачите и директно со Путин.

Сепак, поради различниот пристап на Обама и Трамп, се верува дека Русите нема да сносат конкретни последици за влијанието на американските избори. Најблиските соработници на Обама ја бранат таа тактика. Велат дека кога тие дознале за руското мешање, веќе било доцна да се спречи предавањето на сите тие меилови на „Викиликс”.

Целосно сме убедени и дека предупредувањата на Обама, вклучувајќи и едно на Путин, ја натераат Русија да спречи некои по амбициозни планови како саботажа на американските гласачки кутии.

Откритието на ЦИА се случило во време кога Трамп веќе ја обезбеди номинацијата од Републиканската партија, но сите анкети прогнозираа дека Хилари Клинтон ќе ја продолжи демократската власт во Белата куќа.

Обама очекуваше дека за неколку месеци ќе ја предаде власта на поранешната колешка.

А самите информации за Путин беа неверојатни. Беше неверојатно и дека воопшто успеале да добијат некои информации, а дел од нив „Вашингтон Пост” се одлучи да ги чува во тајност на молба на американските власти.