Обама упати нови закани за санкции против Кина
Американскиот претседател Барак Обама вчера на прес-конференција со кинескиот претседател Си Џинпинг упати нови закани за воведување санкции против Кина поради наводните киберкражби, кои се случија и покрај нивниот претходен договор да се спречат таквите хакерски напади.
- Ќе ги воведеме како и сите други средства, со кои располагаме за да ги спречиме киберкриминалците, рече Обама на заедничката прес-конференција во Роуз Гарден по прашањето за можноста за воведување санкции против физички лица, државни компании и други субјекти.
Обама посочи дека постигнатата спогодба е напредок, но додаде дека работата по ова прашање се уште не е завршена.
Вашингтон и Пекинг за време на посетата на Си постигнаа и нови договори за зајакнување на соработката во сферата на одбраната.
Обама изјави дека со Си се договориле за отварање линии за врски со цел да се намалат ризиците од појавување на недоразбирања меѓу нивните армии.
- Се договоривме да ја прошириме размената и политичкиот дијалог меѓу вооружените сили на сите нивоа, да одржиме повеќе заеднички вежби и подготовки, рече Си.
- Сметаме дека тероризмот е заеднички непријател на човештвото, истакна тој, а Си се надоврза дека САД и Кина се договориле на сите нивоа да ја прошират соработката во борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти