Обама упати нови закани за санкции против Кина
Американскиот претседател Барак Обама вчера на прес-конференција со кинескиот претседател Си Џинпинг упати нови закани за воведување санкции против Кина поради наводните киберкражби, кои се случија и покрај нивниот претходен договор да се спречат таквите хакерски напади.
- Ќе ги воведеме како и сите други средства, со кои располагаме за да ги спречиме киберкриминалците, рече Обама на заедничката прес-конференција во Роуз Гарден по прашањето за можноста за воведување санкции против физички лица, државни компании и други субјекти.
Обама посочи дека постигнатата спогодба е напредок, но додаде дека работата по ова прашање се уште не е завршена.
Вашингтон и Пекинг за време на посетата на Си постигнаа и нови договори за зајакнување на соработката во сферата на одбраната.
Обама изјави дека со Си се договориле за отварање линии за врски со цел да се намалат ризиците од појавување на недоразбирања меѓу нивните армии.
- Се договоривме да ја прошириме размената и политичкиот дијалог меѓу вооружените сили на сите нивоа, да одржиме повеќе заеднички вежби и подготовки, рече Си.
- Сметаме дека тероризмот е заеднички непријател на човештвото, истакна тој, а Си се надоврза дека САД и Кина се договориле на сите нивоа да ја прошират соработката во борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-
Од следната недела нов снег низ Македонија
-
Вработен во прилепската полиција испукал од службено оружје - нема повредени, штетата е незначителна
-
Неколку стотици илјади Французи протестираа против реформата на пензискиот систем
-
Изборот на главен ревизор утре повторно пред матичната собраниска Комисија
-
Царовска: Реформата во пензискиот систем обезбеди намалување на дефицитот и зголемување на пензиите
-
Прекин во снабдувањето со струја во Козле
-
Кина му одговори на НАТО: Ние сме мирољубива држава
-
Коснет-САД сакаат траен договор за Косово и нема да се противат на мали измени во разграничувањето