Свет
5. July 2016 - 8:56

Обама: Слободата не доаѓа сама од себе, мора да се брани

Американскиот претседател Барак Обама изјави по повод Денот на незавиноста 4 јули дека слободата „не е нешто што ќе се случи само така, туку мора да се брани секој ден“.

Обама истакна дека е важно луѓето да памтат какво чудо се САД и „колку сме неверојатно среќни што луѓето пред повеќе генерации биле подготвени да земат оружје в рака и да се борат за наша слобода“. 

- Независноста не е нешто што ќе се случи само од себе, рече американскиот претседател во обраќање во Белата куќа.

- Слободата е нешто за што мора да се бориме секој ден. Тоа е нешто што треба да го чуваме и да зборуваме за неа и да работиме на неа, нагласи тој.

Според него, слободата значи почитување меѓу луѓето и препознавање неволји во кои се други граѓани како што се глад и невработеност.