Свет
15. December 2015 - 8:42

Обама сака да ја посети Куба, но поставува услови

Американскиот претседател Барак Обама сака да ја посети Куба пред крајот на својот втор претседателски мандат што изминува во јануари 2017 година. Тој смета дека тоа можеби нема да се случи доколку во Куба не биде постигнат реален напредок за прашањето на правата на човекот.

– Би сакал да заминам во посета на Куба, но треба да постојат реални услови за тоа, изјави Обама за Јаху Њуз.

Во август американскиот државен секретар Џон Кери ја посети Хавана за да присуствува на отворањето на американска амбасада. Сега Обама вели дека ќе ја следи ситуацијата во Куба во идните месеци.

– Ако видиме јасен напредок за прашањето на слободата на Кубанците јас со задоволство ќе заминам таму за да го истакнам тој прогрес, изјави Обама.

– Ако заминам во посета на Куба ќе треба да може да разговарам со секого, додаде тој. Во интервјуто Обама зборува и за затворањето на Гвантанамо, но признава дека е малку веројатно објектот да биде вратен на Хавана во скоро време.