Свет
2. October 2015 - 8:54

Обама повика на контрола на оружјето

Американскиот претседател Барак Обама изрази лутина и тага после најновата пукотница во САД, во која во колеџ во Орегон убиени се најмалку 10 лица, и уште еднаш повика на носење закон за контрола на оружјето.

- Некако ова стана рутина, изјави Обама во Белата куќа, реагирајќи на злосторството на 20-годишниот напаѓач на колеџот „Ампукуа“ во гредот Роузбург.

- Ние всушност можеме нешто да направиме по тоа прашање, но мораме да ги смениме законите, изјави Обама.

- Не би требало толку лесно да може оружјето да се најде во рацете на оној кој сака да им нанесе зло на луѓето, оцени американскиот претседател.