Свет
8. September 2016 - 10:01

Обама: Намалување на тензиите околу Јужнокинеското Море

Американскиот претседател Барак Обама, кој во Лаос учествува на Самитот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), изјави дека САД сакаат конструктивно да се работи на намалување на тензиите во југоисточна Азија и Кина околу Јужнокинеското Море.

На состанокот во Лаос, Обама истакна дека неодамнешната одлука на судот на Обединетите нации е обврзувачка и оти ги разјаснува прашањата околу поморските права. Тој вели дека сфаќа дека лидерите ги покренале тензиите, но дека посакува споровите да се решат мирно, а тој ќе продолжи да помага во решавање на спорните прашања.