Свет
6. July 2016 - 9:46

Обама ќе и ја остави во наследство на Клинтон „руската закана“

Демократската партија во САД понуди проект за предизборна платформа, кој претстои да биде одобрен од конгресот на 25 јули. Во документот се набројуваат закани за светот и за Америка, меѓу кои е и Русија. Во меѓувреме, кандидатката на демократите за претседател, Хилари Клинтон, три ипол часа одговараше на прашања поставувани од истражителите од ФБИ за „делото за електронска кореспонденција“. 

На крајот на јули, демократите го закажаа партискиот конгрес на кој се очекува да ја утврдат официјалната кандидатура на Клинтон за претседателските избори. Таму во конечна варијанта ќе биде претставена и нивната предизборна платформа. Засега демократите објавија проект на документ во кој не ја спомнуваат „руската закана“. Авторите на платформата за Москва одделуваат само еден дел, но сепак користат тврда реторика. „Русија силно ја дестабилизира ситуацијата крај своите граници, го нарушува суверенитетот на Украина и се обидува да ги прераспредели сферите на влијание со што ги повредува американските интереси“, стои во текстот. „Освен тоа, таа го поддржува режимот на Асад во Сирија, кој жестоко ги напаѓа своите сопствени граѓани“.

Заради Русија настрада и кандидатот на републиканците Доналд Трамп. Според демократите, бизнисменот „може да уништи 50 години од американската надворешна политика ако се откаже од нашите партнери во НАТО кои и помагаат на САД во борбата со тероризот секој ден“, и наместо тоа Трамп „ќе го прегрне рускиот претседател Владимир Путин“. Авторите тврдат дека партијата верува во „силата на алијансата“ и ќе ги вложи сите напори за да „ја сопре агресијата на Русија, да ја поддржи стабилноста на Европа, и да си ги заштити своите сојузници во НАТО“.

Демократите всушност тврдат дека се подготвени да соработуваат со Владимир Путин, ако е тоа во согласност со интересите на САД, „како што беше случај со атомската програма на Иран, санкциите врз Северна Кореја, префрлувањето на американски војници во Авганистан“, но имаат намера да ја занемарат „руската агресија“.

Алексеј Фоненко, доцент од факултетот по меѓународна политика на Московскиот државен универзитет М.В.Ломоносов, за Независимаја газета изјави: „Нема ниту ден по 1993 година кога демократите или републиканците користеле мека реторика кога зборувале за Русија. Ништо сензационално. Треба да се сетиме дека односите кон Москва, особено тие на Демократската партија, секогаш биле негативни“.

Според експертот, предизборната платформа уште веднаш истакнува дека ако Клинтон биде избрана за претседател, антируската политика која беше водена под управувањето на Обама, ќе продолжи. „Русија денес е единствената пречка на патот на хегемонијата на САД. Нивната задача е да ја искористат Москва секаде каде е тоа можно, а стратешката цел – да го ликвидираат нашиот воен потенцијал, особено атомскиот“, подвлекува Фененко.

Во документот се спомнува и сириската криза како особено опасна за светот, а посебно за Европа. Демократите сметаат дека проблемот може да биде решен ако се обединат сириската опозиција, меѓународната заедница и сојузниците на САД во регионот – како единствена можност да се уништи Исламска држава, и да се стави крај на претседателското управување на Башар Асад.

Интересно е што и покрај својата позитивна оценка за нуклеарниот договор со Техеран, авторите на платформата допуштаат во иднина построги „неатомски“ санкции врз Иран – „главната држава спонзор на тероризмот“. Тоа го аргументираат со кршењето на основните човекови права во Иран, негирањето на холокаустот, ветувањето Израел да биде уништен, и поддршката за „терористичките организации“ Хамас и Хезболах.

Одредувајќи и ја на Русија улогата на главен „агресор“ и објавувајќи го Иран за „државен терорист“, тие ја дефинираат Северна Кореја како земја со „најрепресивен режим предводена од диктатор садист“. Демократите стравуваат дека Северна Кореја навистина може да изврши атомски удар врз САД; за тоа да не се случи, бараат Кина да изврши притисок Пјонгјанг да се откаже од својата атомска програма.

Се уште се можни измени во предизборната платформа, но во целина надворешнополитичкиот дневен ред е јасен. А додека демократите активно ја подговуваат почвата за Клинтон, поранешниот државен секретар прошета до ФИБ. Обвинувањето против Клинтон за користење на личната електронска пошта за службена кореспонденција помеѓу 2009 и 2013 година, кога таа беше лицето на американската дипломатија, веќе долго време е присутно во јавноста. Клинтон изјави дека средбата со истражителите минала во атмосфера на почитување, а таа сакала да даде исказ уште од август 2015 година, па затоа „сега е задоволна“ што има „можност да помогне истрагата да дојде до својот крај“.

Официјално никој не подигнал обвинение против Клинтон и сега истрагата се мачи да дознае како така поранешниот државен секретар водел службена кореспонденција од својот приватен акаунт. Според неа, документите кој биле откриени во нејзиниот приватен сервер добиле таков статус постфактум. До сега, таквиот развој на настаните воопшто не и пречи во предизборната борба, иако нејзините противници редовно се мачат да го искористат против неа.

За да и помогнат на Клинтон во предизборната кампања, демократите решија да и пратат тешка артилерија. Обама веќе најави дека ќе го поддржи стремежот на поранешниот државен секретар за влезе по него во Белата куќа. Сега претседателот се подготвува да го каже тоа јавно и во вторник планира да зборува на митинг заедно со Клинтон. Поддршката од страна на актуелниот претседател може добро да се одрази на нејзиниот рејтинг, одвлекувајќи го вниманието од „електронскиот“ случај.