Свет
18. January 2017 - 19:39
Обама ја намали затворската казна на Менинг, Асанж е на потег
Претседателот на САД Обама ја скрати казната на Челси Менинг, осудена на 35 години затвор за шпионажа по предавањето на довелриви документи од американското разузнување на веб страницата Викиликс . Челси Менинг, родена како Бредли Менинг, 29-годишна трансексуалка и екс војник , ќе биде ослободена на 17 мај. Зад решетки помина 7 години. Неодамна, Џулијан Асанж основачот на викиликс изјави дека доколку Обама ја помилува Менинг, тој ќе ја напушти еквадорската амбасада во Лондон, каде што доби азил, и ќе се предаде на САД. Против Асанж се води и судски спор во Шведска за сексуален напад.
-
Емилија Митковска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->