Свет
14. April 2016 - 9:33

Обама: Исламска држава е во дефанзива

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека коалицијата предводена од САД која се бори против Исламската држава во Сирија и Ирак ја принудила милитантната група на дефанзива, ја намалила нејзината територија и ги убила клучните лидери.

- Варварската природа на организацијата го обединува светот и ја јакне одлучноста на коалицијата да ги искорени терористите, рече Обама во кусото обраќање по состанокот со советниците за национална безбедност во седиштетот на ЦИА. 

- ИД е во дефанзива, Ние го имаме импулсот, нагласи Обама, пренесува Си-Ен-Ен. 

Тој додаде дека САД и светот мораат да му помогнат на Ирак да ги стабилизира своите градови кои беа под контрола на ИД.