Свет
10. May 2017 - 17:38

Обама: Белата куќа е убав затвор, а сега сум заложник на селфијата

Поранешниот американски претседател, Барак Обама и неговата сопруга Мишел се доселија во нивниот нов дом во Вашингтон, вреден 4,3 милиони долари, откако по напуштањето на Белата куќа беа на одмор во Палм Спрингс и на Девствените Острови.

- Сега навистина уживам во својата куќа. Секогаш се караме со Мишел поради место во плакарот. Исто така, се обидувам да сфатам како работи апаратот за кафе, изјави Обама во Милано каде се обрати на една конференција за храната.

Поголем дел од времето, како што рече, минува пишувајќи ја својата трета книга и се подготовува за „следната фаза“ на работа во Претседателскиот центар „Обама“.

Куќата во која сега живее брачната двојка Обама има девет спални соби и осум бањи.

Според Обама, најтешката работа за еден претседател на САД е тоа што таа функција е единствена по изолацијата што ја носи.

- Тежината на лидер е иста во секоја земја, но дел поради безбедностните инструменти, американскиот претседател живее во т.н. балон. Тоа е многу убав затвор, рече Обама и додаде дека е среќен што сега има малку повеќе слобода.

- Сега сум само заложник на селфијата, што е исто така лошо, се пошегува Обама.