Свет
18. May 2016 - 8:47

Обама бара повеќе финансиски средства за борба против вирусот зика

Белата куќа синоќа соопшти дека остро се противи на предложениот закон за борбата против вирусот зика, тврдејќи дека средствата се „жално несоодветни“ за да го поддржат неопходниот одговор на заканата од страна на службата за јавно здравје. 

Администрацијата на Обама побара од Конгресот да усвои закон со кој ќе бидат обезбедени 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика, кој предизвикува микроцефалија и оштетување на мозокот кај новороденчињата, чии мајки се инфицирани од него. 

По тримесечното одлагање Сенатот на САД денеска би требало да гласа за овој закон, при што најверојатно ќе одобри 1,1 милијарди долари за борба против вирусот зика.