ОАЕ ќе ја снабдуваат Германија со течен гас и дизел
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Германија, за време на посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц (Шолц) на Абу Даби, денеска потпишаа договор со кој се предвидува снабдување на Германија во 2022 и 2023 година со течен гас и дизел.
Министерот за индустрија на ОАЕ, султан ал Џабер, го поздрави „новиот историски договор“ кој „го зајакнува растечкото енергетско партнерство меѓу ОАЕ и Германија“, за време на потпишувањето на договорот во присуство на Шолц, пренесоа медиумите. Шолц, кој се сретна со претседателот на ОАЕ Мухамед бин Зајед Ал-Нахјан, исто така присутен на потпишувањето, го поздрави договорот за „енергетска безбедност“.
Договорот предвидува извоз на течен природен гас во Германија на крајот на 2022 година, по што ќе следи испорака на дополнителни количини во 2023 година. Локалните медиуми јавија дека во септември имало директна испорака на дизел за Берлин и додаваат дека во 2023 година Германија ќе добива околу 250.000 тони дизел месечно, пренесува Бета. Шолц е на кратка турнеја низ земјите од Заливот.
Вчера беше во Саудиска Арабија, денеска е во ОАЕ и на крајот на денот ќе го посети Катар.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та