Македонија
26. јуни 2019 - 16:35

НВО-И: Нема конкретни мерки за намалување на загадувањето

Власта не презима конкретни мерки за намалување на загадувањето смета Кирил Ристовски претседател на центарот за еколошка демократија. Организациите презентираа предлог реформи за измена на законот со што ќе се овозможи еднаков третман на сите граѓани кои се директно или непосредно засегнати од загадувањата.

„До сега видливи акции нема повеќе самите прет на власта имаат декларативни заложби кои веруваме  дека во блиска  иднина ќе се претпочат во мерки и ќе се спроведуваат на терен.  нашата организација ќе изврши мониторинг  ...“, вели Кирил Ристовски на Флорзон

Заменикот министер Јани Макрадули вели не е запознаен со обвинувањата од овие организации.

Екологистите реагираат и на последните податоци кои европската мерна станица ги објави за степенот на радијација во Крива Паланка. На автоматската радиолошка мапа на Европа од пред неколку дена има индикација за високо гама зрачење и се уште е пристувно  во околината на градот.

„Аларм се крева ако се измери гама зрачење над 250 nSv/h во тек на 24ч, а во Крива Паланка просекот е 442,088, 1,768 пати повеќе. Кај нас станицата во К. Паланка не дава податоци, ама во Европа одат. После граѓаните кревале паника, "станицата не работи". Некој објаснил, измерил? -прашуваат од О2

Од Дирекцијата за радијациона сигурност велат дека станицата е расипана и податоците не се точни. Оваа мерна станица е извадена и е на поправка во Скопје. Шефицата на одделот Лидија Николовска за Сител вели дека ова не е првпат поради проблеми со станицата да се појават ниски или високи резултати а тоа е резултат на проблеми со напојувањето во тие подрачја. На 20 јуни известиле дека мерната станица во КРива Паланка но и Берово се на поправка а отчитаните пикови не се резултат на реално измерена доза.

Градоначалникот на Крива ПАланка Борјанчо Мицевски смирува  дека нема место за паника кај граѓаните.