Македонија
18. January 2019 - 20:12

НВО-и бараат оставки од владини функционери поради бегството на Груевски

Оставки од Министерот за внатрешни работи, Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и Директорот на Агенцијата за разузнавање, побараа неколку граѓански организации поради бегството на поранешниот премиер Груевски, бидејќи два јавноста веќе два месеца нема информации како ја напуштил земјава.

Основното јавно  обвинителство најави дека предистражната постапка ќе заврши во рок од две недели и дека јавноста ќе биде информирана, што не се случи. Одолговлекувањето ги подгреа сомнежите на јавноста и дополнително придонесе да се зголеми перцепцијата дека културата на неказнивост опстојува во Македонија. Затоа сметаме дека е неопходно да се преземе политичка одговорност, пишува во писмото.

Од Владата велат дека со внимание ја проследиле реакцијата на граѓанските организации.

,,Владата и МВР се одлучни дека ќе ги почитуваат законите и дека нема да дозволат извршната власт да ја нарушува истрагата која ја води Јавното обвинителство, што беше редовна пракса во минатото. Укажуваме дека е неопходно целосно затворање на сите прашања во истрагата за да се добијат одговори кои недвосмислено и без сомнеж ќе ја прикажат комплетната слика и сите инволвирани‘‘, се вели во соопштението.

Експремиерот Никола Груевски веќе два месеца се наоѓа во Унгарија каде што доби азил. Шефот на унгарската дипломатија, тврди дека тој легално ја поминал процедурата и остро го нападна и еврокоесарот Хан, кој отворено не се согласува со заштитата која Унгарија му ја дава на Груевски

Службата е независен орган и унгарската влада нема влијание над нејзините одлуки. Прашањето со азилот на Груевски е правно прашање, а не политичко. Комесарот Хан треба да си ги гледа сопствените задолженија. Неговиот мандат од пет години како комесар за политика за добрососедство и проширување беше целосно неуспешен. Зашто, нема никаков напредок во однос на политиката кон соседите и затоа треба да се концентрира на сопствената работа“.

Во земјава се водат две истраги за тоа како Груевски ја напуштил земјава.