НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола одбележува 72 години од основањето
Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола од денеска до 31 март со низа програмски активности ќе ја одбележи 72-годишнината од основањето на библиотеката.
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола денеска ќе го промовира проектот „Ние сме Љубов“, литературен, музички и танцов перформанс на деца и млади со попреченост, односно аутизам, оштетен слух и говор и пречки во развојот кои во соработка со деца од основните училишта од Битола ќе избираат творби со љубовна тема.
- Проектот има за цел да ги обедини сите деца и млади преку уметничките изразни средства, а воедно да ја подигне свеста за соодносот на децата и младите. Одбрана е темата „Љубов“ како основна нишка на постоењето која ги поврзува сите човечки битија. Во процесот на работа со децата и младите со посебни потреби ќе се направи темелна разработка на самата тема, а резултатот ќе биде изразен преку пишан збор, пеење, гестикулација и говор на тело, најави Илче Стојановски, претставник на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
На 24 март во просториите на библиотеката, ќе се промовира втората фаза од проектот „Слушај музика – биди среќен“, а истовремено до 31 март, во салонот на библиотеката ќе биде поставена тематска ретроспективна изложба на книги кои се во издание на библиотеката од основањето до денес.
- Серијалот програмски активности ќе се одвива и на 27 март кога ќе бид изведена претставата „Театар во библиотека“ подготвена во соработка со детското драмско студио „Арт и медиа“ – Битола, а на 30 март во просториите на библиотеката ќе се промовира проектот „Еко библиотека“. Како завршен настан во рамките на програмата за одбележување на 72-от роденден на библиотеката и 83 годишнината од раѓањето на Борислав Талевски, ликовен уметник од Битола, на 31 март во просториите на библиотеката ќе биде отворена ликовна изложба „Ликовни одблесоци – сеќавање на творештвото на Борислав Талевски“, потврди Стојановски.
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино