Живот
5. October 2018 - 22:36

Нутриционистите препорачуваат: Јадете 5-7 пати на ден

Секој знае дека здравата исхрана треба да биде богата со овошје и зеленчук и да содржи помалку шеќер и пржена храна. Помалку е познато колку често треба се јаде и колку брзо.
 
– Метаболизмот на телото може да се спореди со камин. Треба редовно да се дополнува за да работи добро – вели германскиот нутриционист Хајко Григун.
 
Затоа тој препорачува да се јаде често, 5-7 пати на ден.
 
Луѓето кои сакаат да ослабат често грешат затоа што јадат ретко и нередовно, вели Григун. По долго време без храна, телото почнува да ја чува енергијата со согорување помалку калории.
 
Покрај тоа, ако сте прегладнети најверојатно ќе посегнетe за брза храна или слатки.
 
– Па затоа е подобро нешто да каснете. Мали порции од зеленчук или други лесни ужини помеѓу појадок, ручек и вечера се сосем во ред – објасни тој.
 
Мислењата за оптималната зачестеност на оброците се различни. Некои луѓе се убедени дека им помага повремен пост, други, пак, сакаат класични три оброци дневно.
 
Како и да е, факт е дека за одржување здрава телесна тежина во телото не треба да се додаваат повеќе калории отколку што се консумираат.