Loading Video...
Спорт плус
5. October 2021 - 13:01

Нуров остана без медал на Светското првенство

Македонскиот репрезентативец Магомедгаџи Нуров остане без медал на Светското првенство во борење слободен стил, кое се одржува во Осло, Норвешка.

Во категоријата до 97 кг. Нуров го претрпе и вториот пораз и тоа во репасажот преку кој доби шанса да остане во игра за освојување на бронзата. 

Тој беше совладан од Батзул Улзисаихан од Монголија со 0-6 на поени. 

Потсетување македонскиот репрезентативец Мундијалот го започна со две победи против  Литванецот, Лукас Красаускас во квалификациите (со 17:6 поеи) и Полјакот Радослав Баран (3:1) во осминафиналето, по што следуваше пораз во четвртфиналната фаза од Американецот, Кајл Фредерик Снајдер со убедливи 11:0.

Нуров пред две години на СП во Казахстан заврши како трето рангиран и го освои бронзениот медал, но сега во Осло не уепеа да се закити со одличје.