Македонија
18. July 2019 - 18:11

Нуредини-Ромео: Поддршка од Италија за исполнување на ЕУ критериумите во областа на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска се сртена со амбасадорот на Република Италија Карло Ромео, на која изрази почит и благодарност за поддршката што Италија ја дава во евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија, како и спремноста за соработка за долгорочни решенија во исполнување на ЕУ критериумите во областа на животната средина.

Како што соопшти МЖСПП, амбасадорот Ромео истакна дека Република Северна Македонија е на вистинскиот пат и поддршката од страна на Република Италија е во насока на реформи во легислативата и институциите кон патот на исполнување на стандардите и вредностите на ЕУ.

-Тоа е главната цел на преговарачкиот процес и придобивките би биле за следните генерации, се наведува во соопштението.

 

Во таа насока, се посочува, беше актуелизирана темата за потпишување на Нацрт-Меморандум за разбирање за соработка во областа на ранливост на климатските промени, процена на ризик, адаптација и ублажување меѓу Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна македонија и Министерството за животна средина, земја и море на Република Италија.