Македонија
16. September 2019 - 16:42

Нуредини оствари средба со косовскиот МЖСПП Матоши

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска во Приштина, Косово оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, Фатмир Матоши, информираат од МЖСПП.

По средбата Нуредини изразил надеж дека од средбата ќе излезат со низа иницијативи за плодна соработка меѓу двете соседни земји, бидејќи, како што рекол, јас верувам, а сите ќе се согласиме – животната средина не знае за граници.

Министерот Нуредини нагласил дека нашата држава и Косово ги делат речиси истите проблеми со животната средина, загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, водата, природните ресурси, и ја искажал својата длабока убеденост дека соработувајќи во правилното менаџирање со заедничките проблеми од областа на животната средина, стануваме уште поблиски како соседи, гледаме колку имаме заедничко и колку поголем бенефит имаме работејќи во партнерство, стои во соопштението на Министерството.