Нуредини: Наша препорака е да се легализираат само дивоградбите кои се домови
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска истакна дека препорака на ресорното Министерство е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите кои се дом на жители.
– Сакам да се повикам на Законот за нелегални градби. Јасно е укажано дека без дезвола од МЖСПП каде што ќе се предвидува и постоење на зелени површини околу тие градби, нема да се добијат дозволи за градба, тоа се нашите укажувања. Законот се врати пак на Влада, на владина расправа, нашата препорака од МЖСПП е дека треба да се легализираат само оние градби кои што се во сопственост на граѓани на жители кои живеат во нив, рече Нуредини.
Тој во однос на зелената агенда на ДУИ, рече дека „сите се движиме кон Европа“.
– Нашата цел е Европа и во таа смисла сакаме да се вклопиме во зелената агенда на Европа. Сакаме да ги имлементираме зелените стандарди за квалитетен живот на граѓаните. Наш приоритет е граѓаните да живеат во заштитена еколошка средина, но исто така граѓаните да имаат пристап и право на чиста вода за пиење, на прочистена индустриска отпадна вода. Ние веќе две години работиме и сме посветени на таа зелна агенда, посочи министерот.
На новинарско прашање, околу сечата на „Орце Николов“, Нуредини рече дека тоа е одговорност на секоја одделна општина.
– Доколку граѓаните не се согласуваат со такви одлуки, не треба такви одлуки да се случуваат. Ние ги поттикнуваме граѓаните. Нашата политика се стреми кон тоа да има се повеќе зеленило во градот. Но сепак ќе речам тоа е одлука на секоја општина, посочи министерот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација