Македонија
18. September 2020 - 16:07

Нуредини до новинарите: Не би било лошо да го научите албанскиот јазик

На прес конференција  на која ги презентираше новите проекти и приоритети министерот за животна средина Насер Нуредини зборуваше на англиски јазик.

На новинарско прашање кога ќе проговори македонски, рече дека го знае македонскиот јазик, но не би било лошо и новинарите да го научат албанскиот.

Тој додаде дека разбира се од она што го прашуваат новинаритe на македонски јазик.