Нуланд во Приштина за демаркација на границата со Црна Гора
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд кон крајот на оваа недела ќе допатува на Косово.
Таа ќе се сретне со претставници на политичките партии во обид да помогне во решавање на прашањето за демаркација на границата со Црна Гора, а ќе разговара и за други прашања.
- Нуланд во Приштина ќе допатува на 10 јули со цел да влијае во решавање на прашањето за демаркација, што е услов од ЕК за визна либерализација. Но додека власта очекува високиот американски функционер да помогне во надминување на прашањето за демаркацијата, претставниците на опозицијата се категорични дека нема да дозволат компромис со територии, пишува „Зери“.
Според истиот извор, Нуланд освен за демаркацијата ќе побара од раководителите на институциите во земјата да ја зајакнат борбата против корупцијата, како и продолжување на дијалогот со Србија.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк