Нуланд: САД ги отфрлаат сите опции кои вклучуваат две држави за Кипар
Само процес предводен од Кипраните, двете зони и двете заедници, може да донесе мир и стабилност на Кипар, вели американската потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд.
– САД отфрлаат какво било решение за Кипар во кое би биле вклучени две држави, како што предложи деновиве турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рече Нуланд.
На прашањето за време на собраниското сослушување дали американската администрација ја отфрла таквата опција, таа рече: „Да, апсолутно“.
„Ние веруваме дека само процес предводен од Кипраните, двете зони и двете заедници, може да донесе мир и стабилност на Кипар“, рече таа.
За време на посетата на северниот, турски дел на Кипар, Ердоган рече дека „не може да се постигне никаков напредок во преговорите, ако не се прифати дека има два народа и две држави“ на островот.
Кипар е поделен помеѓу Република Кипар, членка на Европската унија, која има власт во јужниот дел на островот и самопрогласената Турска Република Северен Кипар, прогласена во 1983 година, што е призната само од Турција.
Преговорите за судбината на Кипар се во застој од 2017 година.
Во април, обидот за повторно започнување на разговорите во организација на Обединетите нации, кои ја следат тампон-зоната помеѓу двата дела на островот, заврши неуспешно.
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција