Балкан
12. July 2016 - 8:29

Нуланд: Не бараме Србија да бира меѓу САД и Русија

САД не бараат Србија да бира меѓу нив и Русија, изјави синоќа во Белград американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.

- Имаме разбирање дека Србија има долгогодишна соработка со Русија и нејзините врски со Русија се силни. Не гледам ништо противречно во тоа Србија да има добри односи и со Русија и со САД. изјави Нуланд на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вѕчиќ, одржана по нивната средба.

Како што јави ТАСС, Нуланд нагласи дека САД никогаш не ни помислиле да бараат од своите партнери и сојузници да избираат страна.

- За нас е важно да соработуваме со Русија и да работиме на подобрување на односите. Но, ние ќе продолжиме да бараме (од Русија) да ги исполни своите меѓународни обврски и се што е поврзано со владеењето на правото, додаде Нуланд.

Таа нагласи дека САД ги поддржуваат зачленувањето на Србија во ЕУ, како и дијалогот за нормализација на однсите меѓу Белград и Приштина.