Свет
13. September 2018 - 11:22

Нуклеарна катастрофа и се заканува на Америка: 6 нуклерки во близина на стравичниот ураган

Американските експерти соопштија  дека сите 6 нуклеарни електрани кои се наоѓаат во регионот каде се очекува да помине и  ураганот Флоренс  се безбедни, меѓутоа, поедини експерти не се толку сигурни, предупредувајќи дека поплавите би можеле да ги загрозат нивните системи за заштита. 
 
Шест нуклеарни електрани  се наоѓаат во Северна и Јужна Каролина, токму таму каде што е предвидено дека ќе удри ураганот. 
 
Џеф Бјард помошник администратор на агенцијата FEMA изјави дека агенцијата не е загрижена за електраните кои ќе се најдат на патот на невремето во тој момент. 
 
- Овие електрани се заштитени, имаат резервни генератори за струја и брзо можеме да процениме дали ќе се случи нешто по невремето, изјавил Бјард. 
 
Поплава во нуклеарните електрани стана загрижувачки  бидејќи во 2011 година по  земјотресите и последиците од поплавите во Јапонија предизвика една од најлошата катастрофа по инцидентот во Чернобил во 1986 година. Три нуклеарни реактори се истопиле и ослободиле опасно зрачење во околината.