Бизнис
10. May 2021 - 9:27

НУК со барање до Владата да бидат опфатени сите угостители со финансиската поддршка

Независната угостителска комора утринава до Владата доставила барање за измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите со цел да бидат опфатени сите угостители на кои со владината одлука од 5 април им беше забрането да работат.

– На Владата сакаме да укажеме дека финансиска помош мора да има за сите угостители на кои им беше забрането да работат со одлуката на Влада од 5-ти април 2021 година, Владата не смее да дозволи поради техничка грешка, едни угостители да добијат финансиска поддршка други не, само затоа што немаат соодветна приоритетна шифра на дејност, се наведува во денешното соопштение од НУК.

Барањето, како што информираат, е доставено до претседателот на Владата, Генералниот секретаријат на Владата и до министерствата за економија и за финансии.