Македонија
21. February 2020 - 13:43

Нухиу: Спроведувањето на двојазичноста на униформите во рамките на законските рокови

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска ги отфрли наводите дека не e заинтересиран за спроведување на двојазничноста на полициските униформи.

Тој посочи дека во МВР има над 12 илјади вработени и секој има индивидуален став, но треба да се земе предвид, како што рече, ставот на МВР како институција.

– Јас и мојот тим неколку пати сме имале контакти со работната група за униформите и за законските рокови. Сакам да кажам дека во рамки на законските рокови се спроведува имплементацијата на јазикот и на униформите, исто како што тоа го направивме на таблите, печатите, изјави Нухиу на прес-конференција во партиското деиште на ДУИ во Скопје.