НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе организира Ден на читателот
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје од оваа година започнува да ја организира манифестацијата Ден на читателот посветена на читателите во Република Македонија.
На овој ден во чест на читателите кои учествуваат во одредувањето на најчитаниот македонски автор ќе се доделува традиционалната награда Најчитан автор.
Годинава програмата опфаќа свеченост на која ќе биде доделена наградата, а потоа ќе се одржи трибина посветена на читателите со цел да бидат претставени искуствата околу корисниците на библиотеките, популаризација на книгата, како и размена на нови предлози и иницијативи за привлекување нови корисници и поттикнување на читањето.
Трибината ќе биде отворена за целокупната јавност и на неа освен претставници на библиотеките, ќе земат учество и писатели, преведувачи, издавачи, како и читателите.
Покрај тоа, на овој ден сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на манифестацијата ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од афирмираните македонски писатели чии дела се објавени во едицијата 135 тома „Македонска книжевност“ како и изданијата на НУБ „Св. Климент Охридски“ по исклучително ниски цени. Исто така, на секој корисник на НУБ што ќе се легитимира со членска карта, на овој ден ќе му биде подарена една книга од новата издавачка продукција во Република Македонија.
Манифестацијата Ден на читателот, проект посветен на читателот како една од најважните алки во библиотечната дејност, ќе се одржи на 10 март, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје во соработка и со учество на сите јавни библиотеки во Македонија.
Ново на Сител
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи