Македонија
5. October 2018 - 12:17

НУ Музеј со повик за учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници“

НУ Музеј Куманово објави јавен повик до академските ликовни уметници од општината за учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници", која ќе биде поставена на 10 ноември, годинава. Крајниот рок за пријавување за учеството е 25 октомври, соопштија надлежните од Уметничката Галерија, од каде додадоа дека за изложбата ќе биде испечатен каталог. 

- Станува збор за ликовна манифестација која се реализира во континуитет и е единствена од таков вид во градот на која се презентираат кумановските ликовни уметници. И годинава очекуваме добар одѕив кај уметниците од градот, информира, кустосот, Драгана Спасковска.

Од Уметничката Галерија, информираат дека секој учесник на изложбата треба да пријави едно ликовно дело, по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Делото треба да биде содржи податоци за авторот, наслов и димензии.

Изложбата традиционално се реализира од 1956 година до денес, во чест на Денот на ослободувањето на градот.