Македонија
12. July 2017 - 15:05

НСП: Извршен мобинг врз двајца полицајци од нивните раководители

Извршено е неправилно  и незаконско постапување на затворски полициски службеници и на службеници од одделот за отсек општ криминал врз двајца полицајци, информираше денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев Тодев.

- Само во последните две недели независниот синдикат евидентира два случаја на двајца претседатели на синдикални организации. Едниот случај е со претседателот на синдикалната организација на СВР Струмица, а вториот е со претседетлот на независниот синдикат на затворската полиција на сите затвори на Рапублика Македонија, истакна Делчев.

И во двата случаја според него извршен е мобинг врз полицајците од нивните надредени. Од НСП бараат од надлежните министерства да преземат мерки за неправилно и незаконско постапување на раководните лица.

Делчев апелираше до директорот на БЈБ и Министерот за внатрешни работи доколку сметаат дека има потреба, итно да почне процесот за менување на некој раководни функционери во МВР,  а се со цел, како што рече, да не им се остави простор на раководителите да вршат мобинг врз полицајците.