Македонија
2. September 2017 - 17:56

НСДП останува во коалицијата преводена од СДСМ и на локалните избори

Одлука за продолжување на учеството во коалицијата преводена од СДСМ и на претстојните локални избори на 15 октомври, донесе денеска Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија (НСДП).

Од НСДП соопштија дека на седницата биле разгледани активностите на партијата кои се преземаат во пресрет на претсојните локални избори. Констатирано е дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за убедлива победа на кандидатите за градоначалници и листите за советници од коалицијата предводена од СДСМ.

- Со победата на локалните избори отпочнатиот процес на реформи и декриминализација на институциите на системот ќе продолжи и на општинско ниво, стои во соопштението.