Бизнис
15. March 2019 - 20:07

Новото име на државата го забави извозот кон Русија

Новото име на државата го забави извозот кон Русија. Деновиве само еден камион тргнал кон Русија, а останатите од страв  да не бидат вратени чекаат натоварени, велат од Државниот инспекторат за земјоделство.

Од македонско руската комора велат проблем прави документацијата во која стои новото име и тие не се усогласени со документите кои ги издаваат институциите во  Русија поради што се јавуваат потешкотии при пласманот на производи на овој пазар. Од Македонско руската стопанска комора велат дека досега немаат информации за вратени камиони од страна на службите на руската федерација, но дел од членките на  комората,  македонски компании  им соопштиле дека нивните руски партнери ги предупредуваат од ризик за премин на руската граница на македонски производи со нови документи во кои е променето името на државата.

Ова е особено актуелно последниве два три дена. Македонско руската комора по консултација со Амбасадата на Русија  во  земјава апелираше до македонските извозници посебно на свежо овошје и зеленчук , да почекаат неколку дена за да надлежните институции од двете земји ги усогласат потребните документи за непречен проток на производи. 

Сакаме да напоменеме  дека во изминатиот период од околу 20 дена од промената на името на државата македонските производи редовно без застој ја поминуваа границата со Руската Федерација, се вели во дописот на комората.

Од државниот инспекторат за земјоделство за Сител потврдија дека декларациите се со новото име на државата, а сертификатите со старото затоа што процедурите за промена на овој документ се многу посложена и се додека не се променат и тие ќе се функционира на ововј начион за кој руската федерација е веќе известена.

Но дали македонските институции навреме ги известиле земјите за примена на новото име од министерството за надворешни работи иако побаравме информација до овој  момент нема одговор. 

Но од владините служби за Сител потврдија дека за примената на новото име навреме се инофмрирани обединетите нации и на официјалната страна навреме е објавена таканаречената лична карта на Република Северна Македонија,

За примената на новото име навреме се информирани сите држави со кои земјава има билатерални односи, велат од владата.

Во јануари годинава стоковата размена со Русија изнесувала 13 милиони евра. Пласманот на македонски производи таму изнесува 2, 3 милиони евра и е регистриран раст од 40 отсто. Увозот пак изнесува 10, 6 милиони евра и тука има пад од 12, 5 проценти.

Русија важи за 20 трговски партнер на Македонија.