Новогодишни подароци за децата со посебни потреби и социјално загрозените во Гевгелија
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков во придружба на претседателот на Советот, Тодор Ристов, денеска беше во посета на центарот „Мајка Тереза“ и на Дневниот центар за деца со посебни потреби каде во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници на сите штитеници им додели пакетчиња и им посака добро здравје и уште поуспешни активности во Новата година.
При престојот во центарот „Мајка Тереза“ градоначалникот Поцков рече дека очекува општинскиот Совет, по барање од центарот, да го отстапи на времено користење на центарот општинскиот објект кај поранешната касарна во кој ќе бидат уредени нови простории за активности на центарот во кој бројот на штитеници секој ден се повеќе се зголемува.
Градоначалникот Поцков денеска го постети и Дневниот центар за деца со посебни потреби каде на сите штитеници им додели новогодишни подароци, а на Центарот му врачи Благодарница за големиот придонес во реализацијата на активностите со децата со хендикеп.
Пакетчиња од Дедо Мраз добија и децата од социјално загрозените семејства во Општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата