Македонија
31. December 2016 - 10:39

Новогодишни пакетчиња за 600 основци во Маврово Ростуше од општината

Во пресрет на новогодишните празници градоначалникот на општина Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди на учениците од четирите деветолетки им подари новогодишни пакетчиња и им посака многу здравје и среќа.

- Бевме во деветолетките „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, „Блаже Конески“ во Скудриње, „Ѓорѓија Пулески“ Ростуше и во „ Јосип Броз Тито“  Жировница, каде учениците не удостоија со посебна новогодишна програма.  Пакетчиња општината обезеди за сите над 600 основци од нашата општина, изјави Мехмеди.

Програмата ја следеа и поголем број родители и роднини на учениците.