Новогодишната ноќ во Делчево помина мирно
Во Делчево новогодишната ноќ помина мирно. Лекарите од Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Делчево информираа дека за прв пат откако е отворена Итната медицинска служба немало повици на 194 за време на новогодишната ноќ.
Според д-р Гоце Стоименовски, раководител на Итната медицинска служба во Делчево, ноќеска се прегледани 10 пациенти од кои едно било со помали расекотини на раката, две во алкохолизирана состојба, две лица со стомачни болки поради прејадување, а останатите со главоболка и покачен крвен притисок.
- За разлика од претходните години, оваа новогодишна ноќ немаше ниту еден повик на 194. Немаме транспортирано ниту еден пациент до најблиските медицински центри. Сите пациенти кои се примени во Итната медицинска помош се амбулантски згрижени. Се надевам дека советите кои постојано ги дававме со цел да превенираме алкохолни коми или друг вид критични состојби карактеристични за новогодишното славење, годинава вродија со плод, истакна д-р Стојменовски.
Во полицискиот билтен нема евидентирано физички напади.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари