Новогодишната елка во Рим оценета како „најгрда во светот“
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, Рим има најгрда божиќна елка во светот.
Ова тажна „елка на штедењето“, како што беше наречена името на интернет, се наоѓа на „Пјаца Венеција“ и со својот изглед многу ги разлути жителите на главниот град на Италија.
Светилките на елката ги запали градоначалникот на Рим, Вирџинија Раги, додека децата одбројуваа до моментот нивното светнување, таа најави дека „елката ќе светне и се ќе сјае“. Но, кога несреќните свеќички се запалија, се слушна само подсмев и чудење, пишува бесникот „Локал“.
- И потоа се чудат дека луѓето одат во други градови за Божиќ. Ова е срамно. Подобро би било да немаме елка, беа само дел од коментарите на разочарани граѓани на социјалните мрежи.
По големиот број негативни коментари, градските власти одлучија малку „да ја поправат“ елката со додавање ѕвезда на врвот и се поголем број светилките, па сега граѓаните се нешто позадоволни, иако и натаму сметаат дека таа е грда.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден