Свет
24. December 2017 - 19:23

Новогодишната декорација на куќа го запре целиот сообраќај - вакво нешто немало досега

Мет Џонсон ја декорирал својата куќа во Сан Антионио за Нова Година со која што приредува вистинско шоу за неговите соседи и случајните минувачи.
 
Поради популарноста на куќата и одличната изведба, се создаваат големи гужви во сообраќајот, поради што интервенирал дури и градоначалникот.
 
Секоја вечер од 6 до 10 светлата на неговата куќа „играат“ на дабстеп ремикс на „Империјалниот марш“ на Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“. Тој кажува дека со тоа што куќата му е украсена во тој стил го прославува излегувањето на осмото продолжение од култниот серијал.