Македонија
14. December 2015 - 11:35

Новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар утревечер во салата „25 Мај“ во Младинскиот културен центар ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот ќе трае околу еден час, а влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.

Главно професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје се членови на Градскиот дувачки оркестар. Досега оркестарот има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични настани.

На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон, Елингтон...