Новогодишен концерт „Лејдис симфони" на Камерниот оркестар - Битола
Камерниот оркестар на Битола вечер, со традиционалниот новогодишен концерт, ќе ја заокружи успешната година во која настапуваше дома и во странство.
На програмата се хитови од светски познатите имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде,... кои заедно со Оркестарот ќе ги изведат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.
- Вечерашниот концерт е кулминација на успешната концертна година и настапите во повеќе македонски градови, фестивалот „Охридско лето“ но и гостувањата во странство пред се во Сараево и Ниш. Со исти амбиции ќе ја почнеме и новата година бидејќи планирани се настапи во Португалија и Хрватска, како и на фестивалот „Рок Вилиџ 2018“ во Банатски Соколац, најави Владимир Димовски, диригент на Камерниот орксетар, во пресрет на вечерашниот концерт.
Камерниот оркестар работи под покровителство на НУ Центар на култура - Битола годинава одржа заеднички концерти и со Влатко Стефановски, како и со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје