Македонија
21. December 2016 - 12:45

Новогодишен хуманитарен базар во Гевгелија

Во Гевгелија денеска почна традиционалниот хуманитарен базар што го организира фондацијата „Аполонија“ во соработка со двете градски основни училишта, Дневниот центар и Националната алијанса за лица со посебни потреби.

- На овој добротворен настан во наредните три дена, заклучно со 23 декември, на посетителите на базарот ќе им понудиме да купат новогодишни украси, глинени предмети и накит изработен од самите деца, како и домашни новогодишни и божикни колачиња кои се донација од нивните родители, рече раководителот на фондацијата Аце Ристовски.

Базарот годинава е збогатен со активности, игри и претстави на кои со своја програма се претставуваат дел од учениците. Собраните финансиски средства ќе се донираат за програмата „Дејвид Ван Дер Веге“ која е наменета за социјализација на децата со посебни образовни потреби од Гевгелија.