-->
-->
Новогодишен базар на плоштадот Македонија
-->
Под мотото „Улицата на радоста” денеска на плоштадот Македонија ќе се одржи новогодишен базар на кој ќе бидат понудени рачно изработени предмети, подароци, топли напитоци, храна и уште многу други содржини.
Базарот го организира Град Скопје и Конгресниот центар Александар Македонски, во соработка со Здружението на граѓани „Мата“ (Македонска артисанска трговска асоцијација) и ќе трае се до 31 декември до попладневните часови.
Од Град Скопје информираат дека од 28 декември најмладите посетители ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија” и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.
На 31 декември точно напладне, традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација