Македонија
16. October 2017 - 13:04

Ново видео од инцидентот во централниот штаб на ГРОМ во Карпош каде насилници упаднаа со ножеви

Активисти на СДСМ вчеравечер се обиделе насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ кој се наоѓа на улицата Рузвелтова во скопски Карпош.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека животот во Каропш почнал со насилие и дека братот на Есад Рахиќ дошол со нож за физички да се пресмета во партискиот штаб. Тој нагласи дека нема да дозволи новата власт да спроведува насилие и дека не им се плаши.

-Заев ти си криминалец и со криминалци се дружиш.Јас не сум ти се уплашил ниту еден микрон, насилите ваше ќе роди насилие.Полицијата е заедно со ганстерите - рече Јакимовски.