Македонија
22. May 2019 - 16:36

Ново ветување за Луна парк

Повеќе од три години главниот град е без Луна парк. Како претходниот така и актуелниот граданачлник во неколку наврати најавуваа нови модерни проекти со збогатена содржина, преку која ќе може да уживаат сите посетители, без разлика на нивната возраст.

Можноста за забава најмногу им недостига на најмладите.

Градоначалникот Шилегов денеска со ново ветување. Најавува проект за забавен тематски парк, каков што немало во радиус од 250 километри од Скопје.

Остранувањето на старите реквизити и градењето на инфраструктурата за новиот забавен парк почна пред повеќе од две години, иако веднаш по стапувањето на функцијата,градоначалникот Шилегов ги стопираше градежните работи, сега најваи дека сепак, она што досега било набавено и изградено, ќе биде вклопено во новиот проект.

Веќе неколку дена скопјани имаат можност да се забуваат во привремениот забавен парк кој на приватен простор е поставен кај спортскиот центар Борис Трајковски, но не за долго. Реквизите ќе заминат на следната дестинација идниот месец.