Ново судско рочиште за „Сопот“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Сопот“, на кое исказ треба да дадат да дадат пет полициски службени лица.
Судењето за „Сопот“ поради смена на судечкиот совет минатиот месец почна од почеток.
Шестмина од 10 обвинети кои беа присутни на судењето се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта. На четворица од обвинети ќе им се суди во отсуство, бидејќи не се достапни на органите на прогонот.
Адвокатот Насер Рауфи во изјава за медиумите рече дека доколку дозволи Судот, како сведоци во овој судски процес можеби ќе бидат повикани и поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков и поранешната министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска.
Случајот „Сопот” е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот.
Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули минатата година му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани