Ново снежно невреме го погоди североисточниот дел на САД
Околу 75.000 лица останаа без струја во Њу Џерси, откако оваа американска сојузна држава ја погоди четврто снежно невреме во последниве три недели.
Обилните врнежи од снег формираа снежна покривка со дебелина до 30 сантиметри, пред се во централните делови на државата. Поради снегот денеска не работат сите државни установи.
Гувернерот на Њу Џерси, Фил Нарфи уште во вторникот вечерта прогласи вонредна состојба во очекување на новиот снежен бран и засега нема најави кога таа ќе биде укината.
Снежни врнежи ги зафатија и останатите држави од северниот дел на американското атлантстко крајбрежје. Така, снежна покривка од околу 18 сентиметри е формирана во Филаделфија и во Њујорк, а од околу 20 сентиметри во Бостон.
Поради невремето се откажани околу 4.000 летови од аеродормите во регионот, а регистирани се и поголем број сообраќајни несреќи во кои загинаа најмалку две лица.
Белата куќа, како што јави МИА, поради невремето уште вчера ги откажа сите ангажмани на претседателот Доналд Трамп, вклучително и редовната средба на Владата, а многу владини институтции во Вашингтон денеска исто така се затворени.
Американската Националната метеоролошка служба вчера издаде предупредување за надоаѓање на снежна бура, која ќе зафати неколку источни сојузни држави на потегот од Северна Каролина до Масачусетс, каде живеат над 70 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж