-->
-->
Ново рочиште за „Тенк“, раздвоена постапката за Јанкулоска поради ризична бременост
-->
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
На претходното рочиште одржано пред два дена, Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.
Обвинителите на СЈО побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено.
На нивното барање се противеше одбраната на Груевски и Поповски, бидејќи според нив Јанкулоска е важна за нивната одбрана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица