-->
-->
Ново рочиште за „Монструм“ на 10 декември, ќе сведочат лекари од Судска медицина и балистичари
-->
По сведочењето на вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал за случајот „Монструм”, денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, беше прекинато, а ново е закажано за 10 декември, кога вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари.
Семејствата на убиените момчиња и рибарот посочија дека нема да присуствуваат на рочиштето, зошто тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.
На почетокот на денешното рочиште, првиот вештак, вработен во Одделот за крим-техника при МВР, кажа дека за случајот вршел анализа на отпечатоци од прсти, на возило „фиат пунто”.
– На анализа ми беа доставени две траги, од кои една беше од дланка и беше подобна за анализа. По внесувањето во системот не е извршена идентификација, кажа вештото лице.
Посочи, дека со предметот за анализа, бил задолжен на 17 април 2012 година.
Второто вешто лице, било вработено како началник на Одделот за дигитална форензика при МВР, и вршело увид и анализа во доставената компјутерска опрема за случајот.
Посочи дека со наредбата било побарано да се утврди содржината на електронската комуникација и фајловите кои се во врска со подготовка и извршување на кривично дело тероризам, од одземената компјутерска опрема од лицата Азири Ќани, Агим Исмаиловиќ, Азири Хаки, Фејзи Азири, Демири Имер, Асани Исмир и други дванаесет лица.
– Од компјутерот на Агим Исмаиловиќ пронајдени се текстуални фрагменти од интернет комуникација остварена преку Мсн, Скајп и Фејсбук сервисот, изјави вештото лице.
Нагласи дека не е вршена анализа на содржината, но дека сите екстрактирани делови се достапни за детална анализа, на што судијата Ставрев, посочи дека ќе бара да се изврши детална анализа на содржината на таа комуникација за поврзаноста со конкретното дело.
Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација