Македонија
7. September 2019 - 16:11

Ново решение за пациентите на клинички, никој не сака да гради монтажни гаражи

Со заштитни столбови здравствените власти од денеска забрануваат паркирање на тротоарите на скопските клиники. Работниците од Улици и патишта кои ги затекнавме денеска во комплексот Мајка Тереза, прават простор за движење на пешаците.  

Од Министерството за здравство велат дека целта е да има слободен простор за пациенти во инвалидски колички кои досега заглавувале во сообраќајниот хаос како и полесно движење на болничари што пренесуваат болни од една на друга клиника. Граѓани кои денеска одеа на посета, наместо олеснување очекуваат уште поголем хаос по продолжениот викенд.

- Ако некој болен со автомобил треба да го внесеш, како...Не е само да земат некој денар, туку и да средат..Додека стигнеш до местото кај си тргнал...Ветуваа на хелиодромот катна гаража, ама од тоа ништо, велат граѓани.

Засега сеуште ништо од катните гаражи кои повбеќе од една година ги ветува министерот за здравство. Допрва ќе ја повторуваат тендерската постапка за избор на изведувач, бидејќи на првиот тендер не се јавила ниту една фирма.

Стенд -Со поставувањето на заштитни столбови здравствените власти можеби ќе го олеснат движењето на пешаците. Но што ќе се случува од вторник со оние пациенти кои со автомобили влегуваат на скопските клиники. Ќе вртат кругови во потрага по паркинг место со што можеби ќе го пропуштат закажаниот лекарски преглед.

Наместо катните гаражи, засега во функција е импровизираниот паркинг на местото на стара Гинекологија.